Усукан е животот, како ортома од јута,
рѓосан шраф го држи неговиот таван,
неговиот пожар го гасиш само со фута,
од жесток камшик постојано маван.
А и кога ти минал во шушкава свила,
во раскошни меани, со наситено око,
пријатното шушкање ќе загуби сила -
и ти во бел покров ќе најдеш спокој.
|