Ќе експлодирам како триста тони тротил,
злото на творечка блокада во мене бабри.
Денес Музата ме посети како блед профил,
пролета и ме остави да дишам на жабри.
Си има таа оправдание, разлог моќен,
не ѝ се лутам што не можам да творам:
замислете, кај ваков гамен, Муза ноќе -
што ќе рече светот за нејзиниот морал?
А сепак многу сум осамен и се дразнам
особено кога речиси сите веќе знаат
дека таа Муза со Блок била лизна-мазна
а на Пушкин цел живот му била раат.
Со стрвен чук ја ковам речта со нетрпение
но Господе помилуј нѐ и од зло нѐ спаси:
Музата си ојде, изчезна сето вдахновение,
а згора на тоа, ми зеде три рубли за такси.
Со јарост како ѕвер се маткам по дома,
јас, очигледно, лошо Музата ја гостив:
но, друг таа ќе спасува од поетска кома
па со благослов на Музата ѝ простив.
Огромната торта со свеќички украсена,
спласна од мака и стана камен-кремен,
со бандата соседи морав да заседнам,
го испивме коњакот за Музата спремен.
Исчезнаа години, како луѓе од црн список,
минатото проголта сѐ, и настани и ликови.
Си замина Музата без поздравче и стисок
но останаа од неа два прекрасни стихови.
Тие се генијални, за тоа нема сомнение,
за нив треба дур во Струга да се дојави:
«Го помнам најчудесното мигновение
кога ти пред мене како муза се појави!»
|