И долу и горе е мраз а јас в среде јаден!
Да се качувам или дното да го дупам?
Секако ќе испливам, без губење надеж,
а таму заслужената виза ќе ја купам.
Еве, над мене мразот се крши и паѓа,
ко со рало да орав, но потта ми е драга.
Ќе ти се вратам, како опеаната лаѓа,
со сите спомени и со поетскиот багаж.
Жив сум, од моите четириесет и нешто лета,
дванаесет години со тебе и со Бог се хранам!
Желен сум нешто да испеам на Бината Света -
за и пред Севишниот оправдан да станам!
|