Тој беше хирург, дури и «невро»,
и кога ќе оплескаше ни беше мил,
на конгрес во Рио-де-Жанеиро,
тој делфин пред ситни риби бил.
Сите на кои животот им скиснал,
тој ги враќаше во нормални луѓе,
иако како ѕвезда над нас виснал,
за жал, Евреин е и за нас туѓ е.
Тој се бореше науката да напредува,
со галоп остваруваше научен скок:
на еден што од парализа боледувал
успешно му пресадил и нов мозок.
Сите на кои животот им скиснал,
тој ги враќаше во нормални луѓе,
иако како ѕвезда над нас виснал,
за жал, Евреин е и за нас туѓ е.
|