Времето минува и за навредите добар е лек,
секој човек во заборавот си ги склопил,
но мојот печал сака да биде како вечен снег,
станал санта ледена и нејќе да се топи.
Испрчено блеска, од летото мака си нема,
пладневните жеги стоички ги трпи, -
и знам: мојата тага, овој печал се спрема,
за себе довека силата да ми ја црпи.
|