Војни и глад истрпевме, ни боктиса таа сласт,
ветувањата нѐ прејадоа, ни станаа бреме,
го кутнавме царот, патоа Привремената власт,
затоа што веќе им истече нивното време.
И ако некој некогаш сеуште негува надеж,
ова ќе им го кажеме на тие царски ѕверки:
вашето време обратно нема да се здаде,
како и да е, ние за тоа презедовме мерки.
Ние си немаме време за привремена власт
отсега натаму власта советска е над сите.
Кој тука беше привремен, доживеал сраз!
Ајде гитла, царисти, ви завршија дните!
|