Со другар ми еднаш бевме платонски дует,
ти беше нашиот копнеж дур бевме млади;
твојот лик, Вале, во душава ми беше цвет
а Аљоша те беше вцртал на своите гради.
На станицата, при збогувањето неизбежно,
реков дека ти секогаш ќе си ми мил спомен
а Аљоша рече, погорделиво и многу нежно,
дека тој за тебе обезбедил изложбен домен.
И ај сега реши кому од нас потешко му паѓа
споменот за тебе никогаш да не ни згасне:
кај Аљоша твојот профил сал насмевки раѓа
а во мојата душа ти си вкопана и раснеш.
А кога споменот за тебе почне да ме боли,
си признавам ама ти не ме сметај за тапа:
го молам Аљоша да си покаже гради голи
за во твојот профил со часови да зјапам.
За болката моја со уметност да ја смирам,
неодамна еден друг пријател чудо створи:
откај Аљоша тој кај мене те прекопира
и сега ти на градиве и однадвор ме гориш!
Ти поблиска ми стана и морам да кажам,
иако за пријател не се кажува дума лоша:
дека мојата, односно, твојата тетоважа
подобра и поубава е од онаа на Аљоша.
|