По работ на амбисот, над урва кај восхит се раѓа,
јас коњите мои со камшик ги загнав и они јурат!
Но, воздух недостига, пијам ветер, голтам бура,
во гибелен занес, чувствувам дека паѓам и паѓам!
Ај малку побавно, коњи мои, вие не сте птици,
не покорувајте се на бичот кој се родил в меана!
Аман, ми се паднале коњи со тркачки каприци,
ќе си умрам недоживеан, со песната недопаена!
Со ладна вода ќе ги појам моите коњи за да не дивеат,
над амбисот сакам да стојам, уште еден миг да поживеам.
Ќе загинам како глуварче дувнато од дланка,
урагански галоп ме носи кон пустина ледна,
коњи мои, прикочете ја мојата животна санка,
подолго нека трае патот до целта последна!
Ај малку побавно, коњи мои, вие не сте птици,
не покорувајте се на бичот кој се родил в меана!
Аман, ми се паднале коњи со тркачки каприци,
ќе си умрам недоживеан, со песната недопаена!
Со ладна вода ќе ги појам моите коњи за да не дивеат,
над амбисот сакам да стојам, уште еден миг да поживеам.
Успеавме, на гости кај Бога да се доцни не бива!
А зошто таму пеат ангели ама со гласови злобни?
Или тоа камбаната од ридања станала колеблива?
или тоа јас ги одвраќам коњите од местата кобни?

|