Во карпи под сртот, каде и ветрот го плаќа цехот,
на такви височини каде со нога не стапнал никој,
си живееше среќно и весело едно планинско ехо
и со одзив ги повторуваше човечките викој, викој.
Кога самотијата ко грутка во грло ти се вклешти
а придушениот лелек како глуварче ќе се снове,
крикот за помош ехото ќе го потсили да трешти
и ќе го испорача до ушите на твој близок човек.
Мора да беа тоа нелуѓе, со чај од буника задоени,
глуви за својот топот, дојдени од бескрајна пуста,
глас да ѝ задушат на живата стена беа настроени
и ехото го врзаа, со партал ја затнаа неговата уста.
Саноќ продолжи мачењето, се играа крвави ора,
но од ехото ни лелек ни молба за милост се крена;
а утринта, на разден, го стрелаа ехото на таа гора,
солзи од камења бликнаа од секоја ранета стена.
|