Да развивам дискусија со тебе, немам фајде!
Ти верглаш за омилените сапуници и тажно!
Си одам, на пијачка кај момците ќе ме најдеш -
таму се обмислува она вистинското и важно!
Кај момците го наоѓам најсериозниот фазон,
на пример, за доживеани пијански чудесија;
тематски, кај нив е застапен широк дијапазон -
од спиење на тезга па до бакалска вересија.
Со нив дискусијата ми е директна и груба,
а проблемот го решаваме на екс, со голтка:
каде да се пронајде недостаточната рубља
и кој потоа ќе појде по ново шише водка.
А ти наутро ми даваш презакиселен квас
и нема шанса за некакво твое оправдание:
различни интелекти нѐ разделуваат нас -
мора да стекнеш повисоко образование!
|