Мислам дека и душа и глава ме боли,
верувајте, не глумам алкохолни проби,
двеста евра давам за почисти алвеоли,
ќе соработувам во спасувачкиот обид.
Нужна ми е лелеава елковетерна ава,
нужно ми е воздишките да се лесни,
дури и сите резерви цигари ги давам,
а како бонус ги давам и моите песни.
Друг воздух дајте ми а не овој Полифем,
роптам, се гушам а желен сум да живнам!
Ох, мирисот е тука, но да не е парфем?
Ќе благодарам штом успеам да здивнам.
И нервите како од калај да се заболени,
спокојството ми го урнисаа неотерици!
Ех, вие нерви мои, од лавини соголени,
и да живнете пак, ќе одите на патерици.
Не, не глејте ме како усните си ги стегам,
и зборче да излезе, зло ќе биде, за жал.
Оттука и по патики во тајгата ми се бега -
таму во драки би се скрил и би завивал.
|