Анти-светот е замрсен и сеуште е кадрав,
како на фронт сме, нема патишта разгазени,
затоа ние со протони бомбардираме јадра -
ние антилерци сме и нема да сме поразени.
Време ни е неоткриени тајни да соголиме,
они во касичка-прасичка бесполезно лежат,
да ги откинеме од јадрото ние се соколиме
и џинот да излезе од шишето на ава свежа.
Подли се атомите, ептен се сплотиле они,
ај раздвој ги да видиш дали сите се исти!
Но, ние ги камшикуваме квантните коњи
ние сме и кавалеристи и квантолеристи!
Време ни е неоткриени тајни да соголиме,
они во касичка-прасичка бесполезно лежат,
да ги откинеме од јадрото ние се соколиме
и џинот да излезе од шишето на ава свежа.
Не можело неутрино да фатиш за брада,
не можело ни да го пикнеш во епрувета!
Би било супер од Понтекорво да страда -
кога, фатено за уво, пред нас ќе го шета!
Време ни е неоткриени тајни да соголиме,
они во касичка-прасичка бесполезно лежат,
да ги откинеме од јадрото ние се соколиме
и џинот да излезе од шишето на ава свежа.
За течно, тврдо, гасовито - дилеми немаш,
тоа е едноставно, разбирливо и достижно!
А тоа плазмата на сите апатија ни спрема
ама сепак изгледаме доволно престижно!
Време ни е неоткриени тајни да соголиме,
они во касичка-прасичка бесполезно лежат,
да ги откинеме од јадрото ние се соколиме
и џинот да излезе од шишето на ава свежа.
Младост-лудост! Антиката оди во историја,
нека збира прашина во архиви мнестички!
Да се устремиме кон една поопшта теорија,
теоријата за нашите елементарни честички!

|