Штом сум со гитарата, секој Јерихон ќе падне!
Век на слобода да не видам од зли фортуни!
Нека крвта ми ја исцица Дракула на пладне,
само да не ми ги скине сребрените струни!
Ќе загинам в час, ќе пропаднам в земја,
надгробен камен напишете ми со руни.
Во душата ми влегле и ѓавол и темјан,
само да не ги скинат сребрените струни!
Но гитарата ја зедоа, а со неа и слободата.
Се противев и врескав против тие Хуни!
Во кал закопајте ме, удавете ме во водата,
само не ми ги кинете сребрените струни!
Браќа, зарем сега моите денови свршија,
зарем мојот Рим го победија подли Пуни?
Да, душа ми столчија, волја ми скршија
и почнаа да ги кинат сребрените струни!
|