Ако физички би бил кршлив ко тенка срча,
морално ќе бидам настојчив и стабил:
ништо не ќе ме прелаже по жени да трчам,
од алкохолот ни капка не би се напил.
Ако физички би бил силен, ќе сум кроток,
ама кога само ќе помислам, страв ме гони:
вода би пиел многу, една-голтка-цел-поток,
но по жени, се колнам, ни чекорче по нив!
Но, ако сум во фаза од кондиција средна,
сешто ќе биде, не ќе можам да скријам:
ќе трчам по жени, секоја ќе биде вредна,
а и нема да можам алкохол да не пијам.
|