Во дружината не може да влезе секој,
и јас еднаш, на еден проклет датум,
го приведов човекот со мене и реков:
«Налејте му, тој е во мојот фатум».
Тој пиеше со нас, личеше дека ужива,
и ние го прифативме како да ни е брат...
А утринта, тој ја предаде сета дружина -
утнав работа, сите ги носам на врат.
Судењето не го помнам, саштисан бев,
како да сум паднал во ледена бездна -
а потоа барака в логор, станав за грев,
зашто и реално положбата беше бедна.
Штедам сила за времето по оваа беда,
тој си мисли - смртен покров ни скроил,
но рано нѐ отпиша, наивен ми се гледа,
ќе одмаздиме, верувајте, другари мои.
И ќе дојде ден, ќе сврши ноќта тешка,
со вас и јас слободата ќе си ја вратам:
и бидејќи гниевме заради моја грешка,
оставете на кодошот јас да му платам.
|