На братски гробници крст не ставаат веќе,
тука вдовички ридања нема да се чујат.
Нив некои некогаш ги украсуваат со цвеќе
а Вечниот пламен сега работи на струја.
Порано беа ниви, на нозе ги креваше плуг,
денес тие со гранитни плочи се покриени.
Под нив нема личен усуд, инаков од друг,
сите судбини во една приказна се слиени.
Во Вечниот пламен лелее: тенк на врагот,
изгорени селски куќи и пеплосан којник,
Смоленск изгорен а изгорен и рајхстагот,
изгореното срце на секој одделен војник.
На братски гробници вдовици не ридаат,
да пријде во посета никој не се стеснува.
На тие гробници крстови не се издигаат -
белким затоа на роднините им олеснува?
|