Мене невестичката ќе ме отплаче со солзи чесни,
другарите долговите ќе ги платат, иако без полза,
едино што они а и други ќе ги пеат моите песни,
а може и ѓаволот за мене ќе пророни чесна солза.
Не ми даваат веќе интересни книги кои ги сакам,
и мојата гитара ја осакатија, без жици ја затурија,
радост нема горе за мене а долу нема ниту мака,
нема сонце ниту месечина долж небесната јурија.
Јас немам слобода и права, збутан сум на тесно,
само во круг од врата до ѕидови може да стапам,
за мене е невозможно на лево а исто и на десно,
само да мечтаам и во парченцето небо да зјапам.
Мечтата ми е: како оттаму излегувам, неме резе,
како со гитарата ми ја враќаат и мојата смеа,
кој надвор ќе ме пречека и ќе ме гушне со лезет,
и какви ли убави песни другарите ќе ми пеат?
|