Пред мене секој факир ко џуџе е силен,
ситно итроманче со триковите трошни, -
за до Монте Карло обезбедете ми билет
да им покажам на измамниците тамошни!
За рулетот јас сум законот, море и устав!
нема јас по нивните убавици да се траќам,
секој крупие ќе остане со подзината уста
а јас на возот и со печалбата се враќам!
Ќе вложувам вешто на црвено и на црно
во казината на Монте Карло разгалени
и не ќе им остане ни од прашинка зрно,
ќе зјаат обрани зелените маси фалени.
Ќе соберам впечатоци за куп репортажи,
ќе пијам коктели, ќе слушам џез и фанки,
со валута ќе се преполнети моите багажи
и неа ќе ја подарам на советските банки.
Ова е сериозно, не сум палјачо на парада,
од казна смртна вака мислам да се вадам,
за полза на буџетот и татковинската зграда
и јас сакам судбински придонес да дадам.
|