Корабите одмораат малку и потоа дигаат сидра,
по непогодите, пак се во пристанишната родина.
Не мине полугодие, јас се појавувам како видра,
но пак заминувам бранови морски да бодинам.
Сите се враќаат во пристан низ циклуси кружни -
сите освен добрите пријатели и преданата жена.
Се враќаат сите, освен оние кои ни се најнужни -
судбина ли е тоа ил’можев тоа јас да го сменам?
Но, ми се сака да верувам, ќе се смени таа фела,
дека палењето на бродовите ќе излезе од мода;
да се вратам, целиот закитен со другари и дела,
и, конечно, едно полугодие да испеам една ода.
|