Се враќаме, зашто поинаку и не нѐ бива,
во суетата на градовите, во реките од коли!
Слегуваме од висови на природата дива,
оставајќи си го срцето за таму да нѐ боли!
На ненужните дискусии турете им крај,
јас животот го растолкував уште откога:
подобар може да е сал планинскиот рај
на чии врвови не стапнала мојата нога.
Зар има таков што сака неволја да е сам,
кој си оди оставајќи го срцето во снегот?
Но, од освоен врв се спуштаме без срам -
та нели и Господ лично на земја слегол!
На ненужните дискусии турете им крај,
јас животот го растолкував уште откога:
подобар може да е сал планинскиот рај
на чии врвови не стапнала мојата нога.
Со надеж и збор, со песни и теми, понекогаш
планините будат во нас порив за орлов полет!
Но слегуваме ние, кој за година, кој засекогаш,
бидејќи сите сме должни да се вратиме доле.
На ненужните дискусии турете им крај,
јас животот го растолкував уште откога:
подобар може да е сал планинскиот рај
на чии врвови не стапнала мојата нога.
|