Мојот сосед по цела држава снова,
што тоа точно бара, јас не гледам.
Туѓи гајлиња јас не сакам да ловам
ама тој факт ми носи болка и беда.
Кај него кадифе и свила, накит од опал,
и во бањарка се кипри жена му Клава.
Во Москва со казма јас уран би копал
некој мене неговата плата да ми ја дава.
И ми се чини дека луѓето се лажат,
тој ништо особено не истражува.
Што ќе му, си има дебела апанажа,
а тоа мене многу ме растажува.
Вчера в кујна кај нас син му падна,
со чело ни ја скрши глинената црепна!
Ете прилика за моја одмазда ладна,
ќе им наплатам тројно без да трепнам!
Нему цела рубља а мене сал пет пари,
е па оштета мрсна сега нека ми плати!
Не ми е до завист ил’нешто да се ќари,
туку праведноста кај нас да се врати!
Ништо, притисок стално ќе му правам,
станот ќе го смени како желка кротка.
Кај него пари се натрупуваат до таван
а ние не можеме да си купиме ни водка.
|