Таа беше чиста ко снегот в зима, и нежна.
А стана бисер в кал, но нема да ја колнам!
Рацеве писмото нејно со отказ ги жежна,
во него е вистината, мачителна и болна.
Јас не знаев, страдањето ѝ било маска
но маскарадата нема да ми скрши врат!
Да, ова беше едно од моите фијаска,
се надевам дека беше за последен пат.
Си помислив: деновите мои свршија,
зла крв низ моите вени почна да тече,
го стиснав писмото ко глава на змија,
а отровот на измамата прсти ми пече.
Агонија и страдање, но очајание ич,
солзите ќе ми ги брише ветрец благ,
за коњите мои таа навреда не е бич,
меќава нема да го покрие мојот траг.
И така, го оставам овој јад и скреж,
по матно небо мирот ми е разнесен:
карамфилов и невенов опој свеж
во снег ступкан, од солзи размесен.
Москва не им верува на плачни китки,
и јас немам оправдание да ѝ замерам!
Се стегнувам и брзам кон нови битки,
и по обичај, да победам имам намера.
|