Мостовите изгореа, премините задлабочија,
гледаме толку черепи, ние сме во тесно,
влезот и излезот ги збриша небесната кочија,
единствено во толпа патувањето е лесно.
И чифтосаните коњи, свикнати на впрегање,
нагледно докажуваат колку светот е тесен.
Толпата оди по затворен круг и нема бегање,
голем е кругот, патоказот на небо е однесен.
Четката на дождот колорната палета ја рита,
пијаниот галоп сега ко полонеза се отрезнува,
нема мириси ни цветови, ни тонови ни ритам,
па дури и кислородот од воздухот исчезнува.
И ничие безумие, вдахновение или грижа
нема рингишпилното кружење да го запре.
Нештата во светот така вечно ќе се движат,
тоа е нашиот бесконечен пат, само напред.
|