Може некој се чуди а можеби и се лути
што не ја забележуваме попатната красота
но на патување ние губиме сал минути
а по станици со часови секој од нас се мота.
Ја засилуваме машината дур’до галоп,
летаме, не ни треба Јахве ни Азазел!
За едни, под тркалата е нивниот гроб,
за други - само пат кон нивната цел.
Што чума се луѓето, на ветерот се вејки:
рака на воланот, и засекогаш во прав!
Но на постојките ние губиме сал копејки,
а на патување, рубли губиме без страв.
Ја засилуваме машината дури до галоп,
летаме, не ни треба Јахве ни Азазел!
За едни, под тркалата е нивниот гроб,
за други - само пат кон нивната цел.
|