Во височинката, они во окопи беа спремени.
Минофрлачки оган блуеше вражјата ала.
А ние, во лазечка толпа кон неа устремени,
како да беше гага бифе во танцова хала.
Нашите јуришни извици си земаа починка,
за шрапнели да голтаме, во крв да се давиме.
Седум пати ја зазедовме ние таа височинка
и седум пати моравме пак да им ја оставиме.
И одново во напад, сакам-нејќум нема,
земјата се вжешти како загорена каша.
Осмиот пат висот го освоивме сосема,
своето го ослободивме со крвта наша.
А можеше таа точка да ја заобиколиме,
зошто кон неа бевме толку цврсти?
Но, ете, Судбината и без да ја молиме,
нашите патишта на тој вис ги вкрсти.
|