Ние сме древни коњи, сорта добра,
победоносци јавале на нас без параноја.
И не еден велик мајстор-зограф
копитата ни ги насликал со златна боја.
И најдолен рицар и рицарот благороден
рбети ни свива со оклоп ко тешка стена.
Еден од нашите за почести бил роден,
царот Калигула го стори член на сенат.
|