На реки ли, на езера, здравје си срутив,
работев на булдожер со силен порив,
во комбинезон, голтав прашини лути,
неуморно ринтав јас од зори до зори,
како да сметав дека црвците се адути,
како рубли да беа и најмалите спори.
Судбината мене не ме тераше со сила,
ниту пак таму пронајдов златна жила, -
туку кон коцкање си бев многу склон,
природно бев алчен како гладен слон.
Ти мене напорки немој да ме гледаш,
не сме ние ангели ами сплавари вешти
и нам никој не може да ни заповеда.
Ти може си богот кој може да трешти
а јас сум факман за трупци да се редат
и весело шетам по депото кое блешти.
Судбината мене не ме тераше со сила,
ниту пак таму пронајдов златна жила, -
туку кон коцкање си бев многу склон,
природно бев алчен како гладен слон.
|