Глупоста на послужавник: ја фрлам оти е грда.
Гледајте, луѓе, смело носам протестна лента!
Иако икам, сепак, како и Спасителот, тврдам,
и страдам за идејата во отрезнувачки центар.
Еве, засвирела музика за секого соодветна,
се подига и стар и млад, на поредок свикнат,
танцува секој развеселен, во лицето светнат, -
но јас си ѕенѕам, во некое ќоше сум пикнат,
кога е танго, јас нога врз нога ќе си метнам.
Прогласен е рибен ден но не спуштај го носот!
Кркај риба од конзерва и да молчиме ко риби -
и ефтиниот хак е побратим на скапиот лосос!
За да летнеме, птичјиот ден ќе ни биде алиби,
а кога ќе паднеме - на раните ракија и просо!
|