Кај домашни и грабливи ѕверки има знаци
дека кон човечки вкус и мирис се склони.
А цел живот да се оди на задните краци -
тоа е жална судба на човечките милиони.
Публиката денес одбегнува да се препотува,
скротителите кај неа веќе не се на цена.
А ако некој има желба некого да скротува,
нека работи в полиција, во ноќна смена.
На многу мал број луѓе среќата им се згоди
со човечки вкус и мирис да се благословени;
а секој ден на задни краци да мора да се оди -
тоа е жална судбина на зверовите уловени.
Веќе преку глава им е на денешните жители,
одбиваат дресура од партиските скротители.
А кој сака на други врат да им искривува -
ене го циркусот па таму нека се изживува.
|