Што ќе ни е нам некакво сиже со интрига,
кога сѐ си знаеме, од јабана до абраш.
Еве пример: на светов за најдобра книга
јас го сметам кривичниот законик наш.
И ако сум растревожен, ме мачи несоница,
или сум мамурлија и од киселина ждригам,
го вртам законикот на омилената страница
и со ќеф дури до крајот ја читам таа книга.
Јас на другарите совети не им давав, траев,
грабежите им се прашање на чест и лезет;
но еве што е битно за тие дела да се знае -
затвор три години ама не повеќе од десет.
Глејте, тоа се прости редови, како окови,
што ќе ни се романи од целиот свет!
Во нив е сѐ, логор, бараки, долг, рокови,
скандали и карти - измамата комплет!
Во тие ретчиња гледам ал-време и место,
во секое од нив нечија судбина се скрила!
Се радувам ако ни се случи, не баш често,
парче среќа да ни донесе добрата вила!
И срцето ми бие како на ранета птица
кога својот член го читам во книгата добра:
крвта в глава ми се крши како штица,
баш како кога полицијата за в апс ме собра.
|