А зошто како хулиган
и апаш да носам вина,
како антисемит може
подобро ќе си минам:
таа сорта иако без корен
во законското поле
милиони ја поддржуваат
за орловски полет.
Да, ќе се види чија
мајка црна волна прела
но да видиме семитите
какви прават дела:
они да ти биле многу
пристоен народ стар,
покрај нив, и за мене
ќе испадне некој ќар!
Но, еден учен пријател,
пијан в кооперација,
рече дека семити
се простата еврејска нација.
Па штом е така, ќе има
за мене вкусна каша,
сега се успокоив,
нема од што да се плашам!
Долго време негував
дури и стравопочитание,
Алберт Ајнштајн ми беше
најумствено здание.
Нека ми прости народот,
ама сепак да си прашам:
да се брои ли Абрахам Линколн
во шемава наша?
Во неа е Сталиновата жртва
Кеплер, режисер,
во неа е Чарли Чаплин,
филмотворен бисер,
писателот Рабинович
и жртвите на фашизмот
па дури и основополжникот
на марксизмот.
Но истиот тој пијаница
пак почна да се бреца,
семитите крв им пиеле
на христијански деца;
а во меана другар рече
нешто што ме трасна -
дека многу одамна од нив
и господ е распнат.
Ним крв им е неопходна
шуга да си лечат,
во зоопарк и од слонот
со цевче ја влечат!
Се знае, они на народот
од нашата родина
реколтата жито ја украдоа
минатата година!
Долж Курската и Казанската
пруга дивеат,
изградиле викендици,
како богови живеат!
На сѐ сум јас спремен,
ги чекам во пусија,
ќе ги тепам Евреите
и ќе ја спасам Русија!
|