Наредбата «не се предавај» беше извршена,
иако власта ниту еден не го закити со медал.
Само врани кружат во литургија совршена
над мртвите борци што почнале да се цедат.
Богот на војната, со мршојадци на двоколката,
врши смотра над војниците што тонат во тлото.
Од каде се појавија тие бели птици на болката
што труповите ги красат како ордени на злото?
Секој има свои птици штом живот му сврши,
бели птици врз наши борци макаат од шлагот,
ама враните се вијат, небаре како врз мрши,
над црните колони живи војници на врагот.
|