Брзај - по небо кружи и дебне мршојадец белоглав!
Шума - домот твој на пролетен грев го наведува!
Почуј - шуплива ли земја под нас се тресе од страв?
Гледаш - снопја магла врз полето ко небесен врав?
Тоа росата зоврива зашто омразата ја заведува.
Омразата - во потечените бубрези е камен,
омразата - ја криеме но не се намалува,
омразата - од кожата исцедок е таа срамен,
омразата - главите наши ги потпалува!
Погледни - во реката лисести петна пловат,
во државата нов ред злото ни прокламира.
Истинале рацете, за меч нема топлина нова,
а очајот во слепоочницата како птица колва
и, обземено од омразата, срцето ни замира.
Омразата - на младите им осакатува лица,
омразата - тера од амбис да не се плашиш,
омразата - жеднее и сака лакомо да цица
од црните крвја на непријателите наши.
Да, омразата и нас не слови во своите окови,
но злобата од ропството не ќе не избави нас.
Не е слепа омразата наша, нема црни сокови,
вистинита е и орна за справедливи скокови,
а свежо ветре ќе исуши солзи, ќе донесе спас.
Омразата - пијалок во преполнета чаша!
Омразата - чека да избликне и да дивее!
Но, од благородност рти омразата наша
бидејќи во симбиоза со љубовта живее!
|