На почетокот беше Зборот, и печален и корав,
се раѓаше во творечка мака на планетата наша, -
се отцепија огромни делови од земјината кора,
и острови станаа некаде сред океанската каша.
И плутаа по светот без товарен лист и знаме,
цели милионлетијата и векови без опонент,
острови-пустиници го менуваа својот камен
но ја чуваа природата и духот на континент.
На почетокот беше Зборот но го смени друга фела,
Земјата ја населија морнари, чеда господови,
според теркот на островот создадоа пловечки дела
и зарад нивната убавина ги нарекоа бродови.
Но непопустливо брегот ги држи со надежен фат,
се враќа островот назад како негов експонент,
на него морските правила ги спроведува автократ
но го одржуваат законите и честа на континент.
Науката за оваа компарација нека ми прости,
јас за слободоумни толкување сум орен, -
и ако на Земјата зборот ѝ бил првиот гостин,
теоретски тоа несомнено бил зборот «море».
|