Мојата прва пресуда не ја издржав мирно,
ќе ми качат една година а можеби и пет.
Момци, напишете ми писмо, поопширно,
како е таму кај вас во слободниот свет.
Пијачката како ви е? Ние речиси ни капка.
Тука натрупува снег и при сончево време.
Момци, пишете за сѐ, оти во оваа длапка
ништо не се случува, животот овде дреме.
Многу ми недостигате, копнеж ме стега,
сакам вашите сурати мили да ги гледам.
Како е таму Надето? Со кого оди сега?
Или сама е? Нека ми пише неколку реда.
Пострашен е само судот во Божјата зграда.
Писмото нека ми биде талисман лековит.
Оно, најверојатно нема ни да ми го дадат
но сеедно, момци, сторете себап вековит.
|