Сит сум до грло, уште од зорница,
дури и за песните душава не е склона.
Би легнал на дното, ко подморница,
та да не ме најде ни компас ни сонар.
Другар принесува водка до мојата муцка,
друг со утехата дека ќе ми мине ме теши,
трет ме запозна со Верчето, пијана цуцка,
за со водка и жена проблемот да се реши.
Не ми помогна мене ни Верка а ни водка,
од водката мамурлак а од Верка никаков лезет.
Би легнал на дното, како подводна лотка,
та ни компас ни сонар во трага да не ми влезе.
Сит сум до грло, нема место ни за голтка,
ми здодеало веќе да пеам и свирам.
Би залегнал на дното како подводна лотка,
та без сигнал да пуштам, да се смирам.
|