За мене говорат: конечно, тој па не е гениј!
Да, со мене не ќе се погордее нашиот век,
со интегрални пресметки не би ве пленил,
не ги сфаќам - немам таков тип интелект.
Еднаш бев кажал: «Океанот е како базен»
и за тоа другар ми не еднаш ми триеше сол,
но и прочуениот Ајншатајн не бил мазен,
и тој како мене се одразувал релативно гол.
Пишувам стихови за сешто, и за кралот Крез,
не си ласкам и фалбаџија не сакам да бидам,
но неколку пати човекот од соседниот влез
ми кажа дека читајќи ги моите песни ридал.
Јас пишувам за животни и за разни нешта,
и за луѓе а потајно и женска љубов барав;
а редакциски џелати ме черечеа со клешта -
дека јас со Музата одамна сум се скарал!
Говорат, досаден сум! Е да, не сум бил во Ница,
за стихови за вода и пареа сили сум смогнал.
За жал, другар мој умре од препив во болница,
инаку ќе кажеше колку многу сум го трогнал.
Еве, се разбудив од долгата кошмарна смеска,
сновиденијата ме ослободија и одново дишам.
Излегов читав од беложарната пијанска треска,
и дур следната ја чекам, пак стихови ќе пишам.
|