И горе и долу мраз - помеѓу се мачам jас
Да се пробиjам ил’ долу да останам, нека.
Да испливам, да не изгубам надеж в час,
А таму? Сета работа е: виза се чека!
Здроби се под мене мразу в тресок!
Како орач зад плуг пливам в потни бари
Ќе се вратам, како корабите в блесок.
Сe помнам, дури и стиховите стари.
На полвек сум, четириесет и нешто,
Господ ме штити, веќе дванаесет лета
Што да пеам, за оправдание пред Севишниот
Имам, кога пред Него на небото ќе слетам.
|